Алкараз по елиминацијата во Париз: Едноставно не се чувствува добро на теренот

Вториот светски рекет Карлос Алкараз не успеа да го помини 1/16финалето на Мастерсот во Париз.

Шпанецот синоќа загуби од рускиот тенисер Роман Сафиулин (45-ти на АТП листата) со 6:3 и 6:4.

- Тој не ме изненади бидејќи знаев дека играше на одлично ниво во последните неколку месеци. Победи квалитетни играчи. Јас едноставно не се чувствував добро на теренот. Треба да се подобрам на многу начини, да вежбам многу. Не ја почувствував играта. Се движев лошо. Иако квалитетот на ударите беше добар. Во однос на движењето, треба многу да се подобрам, изјави Алкараз.

Во осминафиналето, Сафулин ќе се соочи со неговиот сонародник Карен качанов. /МИА

Фиат повторно го прекинува производството на моделот 500е

Stellantis повторно одлучи привремено да го прекине производството.

Како и во претходните случаи, италијанската компанија беше принудена да го прекине производството во фабриката Мирафиори. Поради намалената побарувачка на електричниот 500e, Fiat привремено го прекина производството на почетокот на есента, а сега одлучија да го направат тоа повторно.

Првичната идеја беше да се запре производството од 18 декември до 5 јануари следната година. Сепак, интервалот сега е продолжен до 2 декември, што значи дека фабриката ќе работи цел месец.

Да потсетиме дека стариот Fiat 500, кој се произведуваше во Полска, беше прекинат летово откако Fiat се откажа од инвестициите за да ги исполни новите безбедносни правила. Се уште се произведува во алжирските погони, но не за европскиот пазар. Затоа, Fiat се одлучи за електричен модел како основа врз која ќе се развива новиот хибрид. Неговото доаѓање се очекува дури во 2026 година.

Не е само малиот хечбек што е погоден од малата побарувачка, бидејќи Maserati се соочува со идентичен проблем. Во овој период ќе биде стопирано и производството на моделите GranTurismo и GranCabrio.

Во соопштението за печатот се наведува дека активностите во фабриката во Торино ќе бидат привремено стопирани поради „тековната неизвесност во продажбата на електрични автомобили на неколку европски пазари“. Електричните возила сочинуваат 97% од производството во фабриката Мирафиори. Во Maserati, пак, причината е малата побарувачка за луксузни автомобили надвор од Европа, како што се САД и Кина.

Славески: Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира

Совет на град Скопје со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска по можност во текот на денешниот ден, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници.

Совет на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки.

Иако како Претседател на Совет замолив Сектор за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок. Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира, односно отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.

Останувам да го чекам на потпис актот во мојата канцеларија во Совет на град Скопје, објави на Икс претседателот на Советот, Трајко Славевски, се наведува во соопштениет на ВМРО-ДПМНЕ..

Притвор за три лица, кои го вчеравечер го палеа и газеа македонското знаме

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото.

Приведените лица се сомничат за кривчното дело од чл.319 ст.1 од КЗ а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.

притисни ентер