Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови насилно ја отстранил таблата со грб на Република Србија.

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови насилно ја отстранил таблата со грб на Република Србија и натпис „Конзулат на Република Србија во Куманово - почесен конзул“, напишан на српски и на македонски јазик, објави Телеграф.

Воедно, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозувањето на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и станбените згради наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не се првпат предмет на вандализам во земјата.

Српската амбасада објави видео од надзорните камери на кое се гледа како млад човек ја крши таблата од зградата на Конзулатот.

Во оваа насока, Амбасадата посочува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Македонија, со цел што поскоро откривање и гонење на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет, велат, може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносните камери.

Амбасадата нагласува дека останува посветена на негување пријателски односи со Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат сѐ за овој случај да се реши на адекватен начин.

Германец поминал 13 години во затвор без вина, бара од државата 750.000 евра отштета

Манфред Гендицки, кој без вина поминал 13 години во затвор поради погрешна пресуда за т.н. убиство во када, ја тужи државата Баварија и бара отштета од најмалку 750.000 евра.

Неговата тужба се заснова на правилата за службена одговорност, кои предвидуваат дека одговорноста за повреда на службената должност при вршење јавна функција е на државата или на надлежната корпорација.

Гендицки бил осудена за убиство на постара жена која била пронајдена мртва во када во нејзиниот дом во Ротах-Егерн во 2008 година. И покрај неговите тврдења за невиност, првичната пресуда била донесена во 2010 година, а жалбите против пресудите во 2012 година биле неуспешни.

По неколку години правна битка и нови докази кои покажале дека смртта на жената е несреќен случај, а не убиство, минатиот јули Гендицки конечно бил ослободен од сите обвиненија, пишува Феникс-магазин.

Судијката Елизабет Ерл, која ја изрече ослободителната пресуда, остро ја критикуваше работата на истражителите и судството, зборуваше за „акумулација на грешки“ и рече дека контролните механизми во тој случај не функционирале и дека како резултат на тоа лицето било „лишено од долгогодишен живот во слобода“.

Руска манекенка се најде на црнaта листа на Путин-се плаши од труење, ги учи децата што е отров

Позната руска манекенка и истакната опозициска активистка која живее во Британија, живее во страв откако дознала дека е на озлогласената листа на критичари на Кремљ.

Ксенија Максимова е позната и како директорка на „Руското демократско општество“, група со седиште во Лондон, која се противи на режимот на Путин и војната во Украина, објави Метро.

Тензиите меѓу Лондон и Москва дополнително се зголемија минатата недела, кога американскиот претседател Џо Бајден одобри Украина да истрела ракети со долг дострел на руска територија.

Поранешната манекенка, која има и руско и британско државјанство, во исповед за британските медиуми рече дека списокот направен од Кремљ имал за цел да ги заплаши луѓето.

Таа продолжила со своите активности, но разговарала и со полицијата во Британија и презема дополнителни чекори за да се заштити.

„Морав да им објаснам на децата што е нервен агенс. Ми кажаа дека сум на списокот за итни случаи создаден од Русија како дел од психолошката војна против критичарите на Путин кои живеат во странство. Списокот е доста долг и вклучува многу истакнати личности од опозицијата, но и оние на пониските позиции“, рече Ксенија.

Таа вели дека не може да зборува премногу за тоа.

„Сѐ што можам да кажам е дека овие цели се означени за труење со нервен агенс. Често зборувам на собири, луѓето ме препознаваат, но бев многу шокирана кога дознав дека сум и јас на списокот. Дознав дека сум на списокот преку колега, кому му се обрати лице на настан во странство, тоа лице ми се јави по прекар, кој речиси никој не го знае, и рече дека некој ги видел моите руски документи“, објаснува таа.

Таа вели дека подоцна се обидела да провери за кого се работи, но дека не можела да ги најде информациите.

Рускиот опозициски политичар кој живее во егзил, Дмитриј Гдуков, беше повлечен настрана од полицијата во цивилна облека на аеродромот Лутон и му беше кажано дека е на озлогласената листа.

Во својата исповед за Би-Би-Си, тој вели дека веднаш по излегувањето од авионот, полицијата го прашала каде ќе престојува и каков телефон користи.

Застрашувачки пример за тоа како Кремљ ги третира политичките противници беше виден во февруари, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални почина во строга казнена колонија во Арктичкиот круг.

Работната претпоставка меѓу продемократските активисти е дека списокот го составиле мрачните „специјални служби“ на Путин.

Хибридна војна, поврзана со Русија, моментално се игра во Британија, што го натера генералниот директор на МИ5, Кен Мекалум да предупреди дека „поддржувачите на Путин се обидуваат да создадат хаос на улиците на Британија и Европа“.

Заканите на Кремљ се дополнително илустрирани со шпекулациите за запалива направа што предизвикала пожар во складиште на DHL во близина на Бирмингем.

Официјални лица за борба против тероризмот, наводно, истражуваат дали руски оперативци стојат зад инцидентот.

Тројца осомничени, кои работат за руското воено разузнавање, се верува дека стојат зад неуспешниот обид за атентат во 2018 година, кој доведе до смрт на Стурџес, откако таа се испрскала со новичок во шише со парфем.

Организацијата на Ксенија продолжила да организира протести и активности под бело-сино-бело знаме, симбол на антивоената, продемократска опозиција.

Поранешната манекенка ги повтори коментарите на Марина Литвиненко, вдовица на поранешниот офицер на ФСБ, кој стана критичар на Кремљ, Александар Литвиненко, дека главната цел на Путин е да сее страв и неединство меѓу неговите противници.

Литвиненко минатата недела зборувала за „психолошката војна“ на претседателот додека се подготвувала да ја одбележи 18-годишнината од смртта на нејзиниот сопруг од труење со радиоактивен полониум.

„Лично, чувствувам дека оперативците на Путин се обидуваат да шират страв и да создадат поделеност меѓу Русите во странство кои се спротивставуваат на неговиот режим. Заканите и хакерските напади најверојатно се првиот дел од кампањата дизајнирана да не подели, но никој од нас не престана да се залага демократски вредности и крај на војната во Украина“, рече Литвиненко.

ТикТок ќе им забрани на малолетниците да користат филтри во видеата

Тинејџерите се соочуваат со широк спектар на нови ограничувања за нивната употреба на филтри за убавина на TikTok.

Во следните недели платформата ќе им забрани на лицата под 18 години да користат филтри кои ги менуваат цртите на лицето, односно ги зголемуваат очите, устата или ја измазнуваат кожата, пишува The Guardian.

Нема да бидат забранети филтрите што, на пример, додаваат уши од зајаци или кучешки нос. Компанијата со милијарди корисници ги објави промените за време на безбедносниот форум во нејзиното европско седиште во Даблин.

Постои голема загриженост дека филтрите за убавина резултирале со притисок врз тинејџерите, особено кај девојчињата, да изгледаат совршено на социјалните мрежи, што често има психолошки последици за нив. Некои млади луѓе опишаа дека по користењето на филтерот нивното вистинско лице станало грдо.

TikTok, исто така, објави дека ги заострува своите правила за корисниците на возраст под 13 години, што може да значи дека на илјадници деца на таа возраст ќе им биде забрането да ја користат платформата. До крајот на годината, тие ќе тестираат систем кој ќе се обиде да открие луѓе кои мамат за ограничувања за возраста на TikTok.

@mariee.sarahh

TIKTOK PLEASE FIX THIS‼️‼️

♬ original sound - sarah

Клои Сетер, шефот на јавната политика за безбедност на децата на TikTok, рече: „Се надеваме дека ова ќе ни даде можност да ги откриеме и отстраниме таквите корисници побрзо и поефикасно“.

Луѓето кои биле погрешно блокирани ќе можат да поднесат жалба. „Очигледно може да биде иритирачки за некои млади луѓе“, рече Сетер, но додаде дека платформата ќе ја стави безбедноста на прво место.

притисни ентер