10- годишно дете уби поранешен градоначелник во САД и неговата ќерка, причината е видео игра

Џо Корнелиус постариот (82) и неговата ќерка Кеиша Мајлс (31) биле пронајдени мртви во неделата наутро откако полицијата примила повик од поранешниот градоначалник на Минден, Луизијана.

Приведено е 10-годишно момче.

Според „Мирор“, тој признал дека извршил двојно убиство со огнено оружје. Шефот на полицијата Џаред Мекивер потврди дека момчето е во роднинска врска со жртвите, но не откри повеќе детали. Исто така, сѐ уште се истражува мотивот на ова брутално злосторство. Според непотврдени информации, момчето реагирало на забраната за играње видео игри.

„Нашиот град е во шок. Како може едно 10-годишно дете да биде толку злонамерно“, рече тој и потврди дека малото момче сега се соочува со обвинение со две точки за убиство од прв степен.

Засега не е јасно дали момчето има законски застапник.

„Во моментот на злосторството во куќата имало уште едно шестгодишно дете и било неповредено“, додаде началникот на полицијата.

На распитот била присутна бабата на уапсеното момче. Жртвите биле убиени со повеќе куршуми од два пиштоли. Убиениот Џо Корнелиус бил познат активист во заедницата и член на Градскиот совет. Таа привремено ја извршувал функцијата градоначалник во 2013 година по смртта на актуелниот шеф на градската влада.

Зборуваше и Ник Кокс, актуелниот градоначалник, кој им оддаде почит на жртвите:

„Годините на службата на Џо Корнелиус во Минден се обележани со неговата посветеност на подобрувањето на нашата заедница.“

Проверени трикови на професионалните готвачи

Како рибата да не ви се распадне во текот на пржењето, а домот да не ви мириса

Рибата приготвена вака ќе биде совршено крцкава и нема да впива вишок масло.

Рибата е најздравото месо што луѓето можат да го консумираат, меѓутоа повеќето домаќинки избегнуваат да ја приготвуваат бидејќи е комплицирана за готвење. Повеќето од нив рибата ја валкаат во брашно пред да се пржат, а таа се лепи на дното на тавата и се распаѓа.

Покрај тоа, при приготвувањето риба сигурно ќе се замириса не само кујната туку и цела куќа, а миризбата може да трае со денови. Токму поради ова повеќето домаќинки го избегнуваат нејзиното приготвување.

Совети од професионалците

Дали некогаш сте се запрашале како е можно во рибен ресторан секое парче риба да е совршено зготвено, а непријатниот мирис речиси и да не се чувствува иако секојдневно приготвуваат риба во поголеми количини.

Постојат трикови со кои професионалните готвачи спречуваат рибата да се распадне, но и да не се задржи непријатниот мирис при пржењето и похувањето риба.

За секое парче, особено филетите, кои се особено кревки, бидејќи немаат коски, да останат совршени, професионалните готвачи советуваат пред приготвувањето да ја потопите рибата во раствор од вода и сок од четвртина лимон. Оваа смеса ќе го спречи создавањето на непријатниот мирис при пржењето.

Наместо обично брашно за панирање, готвачите користат густин или пченкарен скроб кој создава заштитна обвивка околу рибата, така што нема да се распадне за време на пржењето. Покрај тоа, рибата ќе биде совршено крцкава и нема да впие ниту капка вишок масло.

За кујната и остатокот од домот да не мириса на пржена риба, професионалните готвачи советуваат во помал сад да истурите јаболков оцет кое ќе врие на тивок оган и полека ќе испарува додека ја пржите рибата. Јаболковиот оцет го неутрализира мирисот на пржена риба.

Извор: srecna.republika.rs

Морбидно: Ги ископуваат мртовците, ги чистат, облекуваат и одат со нив на прослави (ВИДЕО)

Годишниот ритуал на едно индонезиско племе, во кој покојниците се ексхумираат, средуваат и чистат, па повторно се закопуваат - откако ќе поминат време со живите, не престанува да привлекува внимание.

Станува збор за племето Тораја од островот Сулавеси кое секоја година во август практикува необична церемонија. На интернет можете да најдете бројни видеа на кои луѓето позираат со покојникот, кој поминал долго време под земја.

Членовите на племето, како дел од церемонијата наречена Ма'нене, ги откопуваат починатите членови на семејството, ги капат, чистат, ги пресоблекуваат во нова облека и често ги изнесуваат на улица и се фотографираат со нив.

Важен дел е и замена или ремонт на ковчегот, чија цел е да се запре гниењето на балсамираните тела.

Овие луѓе не ја гледаат смртта како последен чекор, туку постепеното преминување на душата во задгробниот живот. Како резултат на тоа, тие веруваат дека телата на починатите сè уште бараат грижа, пишува Дејли мејл.

Церемонијата се организира повеќе од еден век, а нејзината суштина е да се слави животот и да се одржи врската со починатите роднини.

Треба да се спомене дека погребите се важен општествен настан во кој цели семејства се собираат со локалното население за да ги обноват верувањата и традициите на нивните предци.

Ваквите настани траат неколку дена, под името Рамбо Солока.

Му се јавувала на поранешниот и по илјада пати дневно, упаднала кај него дома - ја осудија

Стоматолог од англискиот град Ексетер, Дејвид Паљеро, започнал врска со медицинската сестра Софи Колвин по смртта на неговата сопруга во 2021 година.

Двајцата работеле во иста стоматолошка амбуланта, но врската по извесно време завршила. Човекот немал поим што го чека.

Паљеро ја опишал љубовната врска со Софи како „нежна и убава“, но по некое време ситуацијата стана „трауматична“.

Двојката престанала да излегува, а жената почнала опсесивно да го демне својот поранешен, ставајќи уред за следење во неговиот автомобил и во една прилика упаднала во неговиот дом.

Паљеро сведочел дека живеел во „страв да не биде следен“ и дека Софи постојано му се јавувала на телефон, пренесува Times Now News.

Му упатила 965 повици во еден ден, а над 1000 следниот ден!

Стоматологот се плашел дека Софи „се крие во грмушките пред неговата куќа“, или дека „демне по споредните патишта“, каде што возел.

Бизарниот случај завршил на суд, бидејќи Паљеро се обратил до полицијата.

Обвинетата Софи се изјаснила за виновна за следење и малтретирање, па ѝ е изречена условна затворска казна во времетраење од 20 недели и наредба за приоѓање до жртвата од пет години.

Тој претходно побарал од судијата да не ѝ изрекува престрога казна.

„Не сакав ова да се случи, но твоите постапки ме исцрпија“, и рекол тој на поранешната девојка.

притисни ентер