Принцот Вилијам и принцезата Кејт објавија празнична честитка

Принцот од Велс, Вилијам и принцезата Кејт ги објавија своите празнични честитки преку социјалните мрежи.

Тие на својата профилна фотографија ставија семејна фотографија на која позираат заедно со своите деца, а како што велат оваа година им е најтешка поради бројните лоши здравствени состојби кои ги зафатија членовите на нивните семејства.

И покрај тоа, тие се обидоа да го задржат оптимизмот и позитивниот дух по повод претстојните празници. Така, на честитката е испишана пораката „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“.

Инаку, оваа година Кејт Мидлтон помина низ процес на хемотерапија откако и беше дијагностициран рак. Во септември таа ја објави радосната вест за крај на терапијата, нагласувајќи дека зад себе има долг и тежок пат. Покрај тоа, на британскиот крал Чарлс III исто така, му е дијагностициран рак и моментално се наоѓа на лекување.

Нов бокс меч Усик – Фјури, боксерите ќе поделат фантастични 182 милиони евра

Најдобрите светски боксери во тешка категорија Украинецот Олександр Усик и Тајсон Фјури вечерва во Ријад ќе се борат за три од четирите главни светски шампионски појаси.

Во првиот меч Украинецот по судиска одлука го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па тој појас нема да го добие победникот од оваа борба.

Покрај за престиж во рингот боксерите вечерва ќе се борат ои за милиони евра.

Ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, објави „Индепендент“. Тоа значи дека наградниот фонд е за 40 милиони евра поголем од нивната прва борба. Договорот тогаш беше Фјури да добие повеќе од 95 милиони евра, а остатокот му припадна на Усик.

Усик овој пат ќе добие поголем дел од „колачот“, но на Фјури поважно му е да ја врати почитта и загубените титули.

Усик во мечот влегува со 102,5 килограми, додека Фјури тежи дури 25 килограми. Фјури со 127,5 килограми ќе влезе во оваа борба најтешка досега. Досега неговиот рекорд беше 125 килограми, во борба со Френсис Нгану. Фјури најави такво нешто бидејќи истакна дека на првиот меч, кој Усик го доби, тактиката му била погрешна. Фјури во таа борба влезе со 119 килограми. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.

Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, наместа со остаоци од кашест снег

 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози додека наместа и со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер