„Малиот Херкул“ беше чудо од дете со огромни мускули, а сега сонот му е НАСА (ВИДЕО)

Светот пред 24 години беше воодушевен кога се појави момче, навидум сосема обично, додека не ја соблече кошулата.

Тогаш Ричард Сандрак имаше осум години, но имаше и осум плочки на стомакот, кои ја воодушевија целата планета. Детето го доби прекарот Малиот Херкулес, но сега изгледа сосема поинаку.

Ричард Сандрак беше чудо на природата, но и на трудот. Имаше осум години кога светот го запозна „Малиот Херкулес“, кој потекнува од семејство опседнато со фитнес и тренинзи. Неговиот татко Павел бил шампион во боречки вештини, а неговата мајка Лена се занимавала со аеробик.

Поради ова, неговиот животен пат природно го привлекол на тренинзи уште од мали нозе, а неговите методи го запалиле интернетот. Во тоа време, кога имал само една година, правел 600 склекови и стомачни, како и 300 чучнувања на дневна основа. Резултатите биле видливи на неговото тело веќе на таа возраст.

Но, јавноста веднаш почна со осуда за ваквата обука и „мачење“ на детето, додека родителите биле обвинети и дека му давале стероиди, бидејќи не верувале дека вакво нешто е возможно. Мајката Лена сето тоа го негирала.

Поминаа години откако Сандрак ја воодушеви јавноста, а сега 24 години подоцна не личи на себе. Се бореше со тренинзи, кревање тегови и сѐ што одеше со фитнесот од една едноставна причина - му било здодевно.

Ричард сега работи како каскадер во шоуто „Waterworld“ во Холивуд, додека сонува да стане инженер во НАСА.

Јонсон: Шведска ќе го финансира производството на украински дронови со голем дострел

Шведска наскоро ќе објави распределба на „значајни“ инвестиции за развој и масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала во Украина.

Шведска наскоро ќе објави распределба на „значајни“ инвестиции за развој и масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала во Украина, изјави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Рустем Умеров.

Тој истакна дека помошта на Шведска за Украина е планирана за 2025-2026 година околу 25 милијарди шведски круни (2,2 милијарди евра).

„Подготвени сме да направиме повеќе доколку е потребно. Денеска, исто така, објавуваме дека ја продлабочуваме соработката и шведската влада е подготвена да обезбеди значителни средства за масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала“, рече Џонсон.

Тој истакна дека тоа ќе биде направено според „данскиот модел“, односно со насочување средства кон украинскиот одбранбено-индустриски комплекс (ОДЦ).

„Шведска е подготвена да соработува со партнерите и сојузниците за понатамошен развој и проширување на можностите на Украина со долг дострел. Украина мора да има се што ѝ е потребно за одбрана“, нагласи шведскиот министер за одбрана.

Тој, исто така, потсети дека Шведска не постави никакви ограничувања за употреба на шведско оружје за Украина.

„Украина го остварува своето право на самоодбрана во согласност со нормите на меѓународното право. Поддршката на Украина не е ескалација“, нагласи Џонсон, пренесува Suspilne.

Украинскиот министер за одбрана по средбата изјави дека ова е уште еден чекор кон зајакнување на украинската одбрана.

„Ова е уште еден чекор кон зајакнување на одбранбената способност на Украина, што ја покажува довербата на нашите партнери во нашиот воено-индустриски потенцијал“, објави Умеров на Фејсбук по средбата со неговиот шведски колега.

Министрите за одбрана разговараа и за плановите за финансирање на помошта за Украина за 2025 година.

Умеров нагласи дека двете земји работат на тоа оваа поддршка да биде уште поголема и да се задоволат реалните потреби на украинските бранители.

„Посебен фокус е на опремување на нашите бригади. Ги финализираме договорите со нашите нордиски партнери“, истакна украинскиот министер.

Златан Ибрахимовиќ и сопругата изгубија на суд – не можат од станот да избркаат несакан цимер

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и неговата сопруга Хелена Сегер го загубија случајот против маж кој живее во зграда во нивна сопственост.

Повеќе од две години се чекаше пресуда за овој случај кој ја потресе цела Шведска, а малкумина очекуваа дека Судот ќе пресуди во корист на споменатиот човек, објави Мондо.

Пресудата беше прочитана во четвртокот и во неа е наведено дека закупецот чие име не се споменува во медиумите, има право да престојува во споменатата зграда бидејќи му бил прекршен претходниот договор со агенцијата за недвижности. И не само тоа, Златан Ибрахимовиќ освен што треба да продолжи да го „трпи“ несаканиот станар во зградата, треба да му платат и судски трошоци од околу 30 илјади евра, што на крајот ќе биде најмалоот нешто за нивните проблеми.

Судот остави можност брачната двојка Златан Ибрахимовиќ - Хелена Сегер да поднесе жалба на оваа пресуда, а нема сомнеж дека тоа ќе го сторат, а рокот е 13 декември.

Во 2022 година, брачната двојка купила зграда во Естермалм, луксузен кварт во Стокхолм, за околу 11 милиони евра, но оттогаш тие практично не можат да се вселат во неа - или да направат нешто со неа поради споменатиот станар. Тие го откажале договорот со фирмата за недвижности со која претходниот сопственик имал договор за закуп, но еден станар одбил и не сакал да се исели. Наместо тоа, ги тужел Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ, сметајќи дека има право да остане да живее во зградата, а сето тоа поради законот во Шведска кој бил променет во 2022 година и кој донел некои нови поволности за станарите.

На крајот, станарот добил право да остане во таа зграда и да ужива речиси идентични права како сопственикот, што Ибрахимовиќ и неговата сопруга сметаат дека е бесмислено.

Тие водеа преговори, неуспешно, и не помогна тоа што Хелена Сегер пред судот објасни дека планира да ја реновира целата зграда (вила) и дека собите во кои престојувал неименуваниот човек - сега нивен цимер - сакале да ги претворат во канцеларии. Очигледно може да заборават на тоа.

Златан и Хелена на споменатиот станар дури му понудиле и замена за стан, што тој го одбил со оглед дека не е „еднаков на оној во кој моментално престојува“, што особено ги изнервирало и истакнале дека тој сигурно не бил легално пријавен на таа адреса. Затоа биле сигурни дека ќе победат на суд, но веќе две години минуваат низ проблеми бидејќи се работи за сериозна инвестиција за која се надеваа дека веќе ќе почне да се исплатува.

„Нема што повеќе да се каже на таа тема. Одговорот ќе го добиеме следната недела. Па вие новинарите знаете повеќе од мене, изгледа ќе дознаете сѐ пред мене. Но ќе дојде за една недела, па да ја почекаме пресудата“, рече неодамна за шведски „Спортбладет“Златан Ибрахимовиќ и додаде дека ќе ја почитува одлуката каква и да е.

Вети дека после тоа ќе дојде изјава, па ќе видиме дали ќе ја слушнеме веднаш - или по жалбата.

Атрактивна девојка праша УФЦ ѕвезда дали може да ја удри со 1% од силата- сите шокирани (ВИДЕО)

Иако видеото за UFC на Јутјуберката Нина Мари Даниел и Алекс Переира беше создадено пред неколку месеци, повторно стана вирално на социјалните мрежи благодарение на неверојатната бројка од 23 милиони прегледи на Тикток.

Се верува дека причината е тоа што во нејзиниот последен блог Нина повторно соработуваше со шампионот на УФЦ, додека во претходниот, кој стана познат, го привлече вниманието поради болката што ја чувствуваше.

Имено, таа требаше да добие удар од Переира со само еден процент од силата на бразилскиот борец, но брзо потоа падна на подот со болна гримаса на лицето.

„Нина Драма“, како што се претставува оваа девојка на социјалните мрежи, стана суперѕвезда во светот на ММА медиумите благодарение на нејзините уникатни и забавни интервјуа.

Нина може да покаже поинаква страна на борците што обожавателите често не можат да ја видат во традиционалните интервјуа, а тоа често води до хумористични и неочекувани резултати.

притисни ентер