„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Пласманот на Стефан Стојановиќ на првата позиција на Светската младинска лига во Венеција е јубилеј за карате клубот „Макпетрол“. 

За скопската екипа ова е успех од особено значење затоа што е 50 одличје освоено на најсилните натпреварувања организирани од Светската карате федерација (WKF). Овие медали се од највисоко рангирани натпревари: светски златни лиги, светски премиер карате лиги, светски купови за млади и светски премиер лиги, серија А. натпревари.

Во витрините на карате клубот „Макпетрол“ досега има 11 златни, 13 сребрени и 26 бронзени медали. Импозантните статистики со право го ставаат овој спортски колектив како историски најтрофеен и најуспешен македонски карате-клуб. Ако на тоа се додадат седум освоени медали од официјални светски шампионати и 18 медали од Светските универзитетски првенства, тогаш скопската екипа има вкупно 75 одличја со префиксот „светски“.

Натпреварувачката 2024 година за „Макпетрол“ беше успешна. Круна е освоениот златен медал на каратистот Стефан Стојановиќ, на Светската карате лига во Венеција. Претходно тој во Пореч на Светската младинска лига беше финалист и освои сребрен медал, а на Официјалното Светско првенство во Венеција, освои бронзен медал. Континуитетот на освојување медали на светски натпревари придонесоа тој да биде најуспешен млад спортист на Македонија за 2024 година. Во сениорска конкуренција Петар Заборски освои бронзен медал во Атина, на Светската 1 Премиер карате лига серија А, а тоа придонесе бројот на освоени медали од овој тип на натпревари оваа година да се заокружи и да стане историски.

Нов бокс меч Усик – Фјури, боксерите ќе поделат фантастични 182 милиони евра

Најдобрите светски боксери во тешка категорија Украинецот Олександр Усик и Тајсон Фјури вечерва во Ријад ќе се борат за три од четирите главни светски шампионски појаси.

Во првиот меч Украинецот по судиска одлука го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па тој појас нема да го добие победникот од оваа борба.

Покрај за престиж во рингот боксерите вечерва ќе се борат ои за милиони евра.

Ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, објави „Индепендент“. Тоа значи дека наградниот фонд е за 40 милиони евра поголем од нивната прва борба. Договорот тогаш беше Фјури да добие повеќе од 95 милиони евра, а остатокот му припадна на Усик.

Усик овој пат ќе добие поголем дел од „колачот“, но на Фјури поважно му е да ја врати почитта и загубените титули.

Усик во мечот влегува со 102,5 килограми, додека Фјури тежи дури 25 килограми. Фјури со 127,5 килограми ќе влезе во оваа борба најтешка досега. Досега неговиот рекорд беше 125 килограми, во борба со Френсис Нгану. Фјури најави такво нешто бидејќи истакна дека на првиот меч, кој Усик го доби, тактиката му била погрешна. Фјури во таа борба влезе со 119 килограми. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.

Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, наместа со остаоци од кашест снег

 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози додека наместа и со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се блиски народи

 Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември - Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија, на која присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.

Тошковски, како што информираат од МВР, во своето обраќање истакнал дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.

-Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко. Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани, подвлече Тоошковски.

Тошковски, се вели во соопштението, го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.

притисни ентер