Конечно и во Македонија се прават хируршки интервензии за пациенти со тешка сколиоза

60 годишна пациентка со кифоза на р’бетниот стлоб, каде цела била превиткана со горниот дел од телото кон земја по направента интервенција на клиниката за трауматологија има целосно исправен р’бетен столб. 

Станува збор за интервенција каде преку минимален рез е направено исправување и фиксација. Доктор Игор Мерџаноски раководител од клиниката за трауматологија од големо значење е едукацијата од нивните колеги од Турција предводен од проф. Уфук Ајдинли во делот на операции на тешки сколиози и овие пациенти не заминуваат во странство а буџетот од ФЗОМ останува за клиниката.

„Се прави многу мал рез и се прави целата процедура целата опрема што ја имаме е по стандарди како и сите земји што работат интервенции на р’бетниот столб. Пациентите си одат дома во една добар општа состојба“, вели Д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија.

Според Мерџановски голем дел од спондилозите се вродени но дел од нив се добиени и кај децата и кај возрасните.

„Епидемија на проблеми со р’бетниот столб имаат возрасните заради седење, не движење. Дел од нив имаат и хирушки интервенции бидејќи станува збор за големи болки и трнење во рацете и нозете“, објаснува д-р Игор Мерџаноски раководител на Клиника за трауматологија..

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија за една недела биле направени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во странство.

Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле со гас дома, најстарото не преживеало

Едно дете починало, а три се во критична состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош, објави Катимерини.

За жал, не долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно ѝ претходело поставување резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето.

22- годишен возач и неговата 21- годишна сопатничка загинаа во сообраќајка кај Ботун

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. 

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, соопштуваат од СВР Охрид.

Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот на Шпанија, Сориано Ортиз

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

притисни ентер