„Гответе со Дракче“ - Пиперки во кајмак

Во вторник  (21.05.2024) во емисијата гостин ни беше Миро Кацаров.

Состојки за денешниот рецепт:

7 пиперки

5 лажици кајмак

500 мл. павлака за готвење

малку маслиново масло

лук, сол и бибер по вкус

додаток: печено лепче или двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста.

Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија.

Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето.

Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите.

Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ.

Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки - онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци.

Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација.

Замислете си град со три милиони жители - библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата!

Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот.

Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината.

Почитувани,

НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“!

Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“.

Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели.

Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење!

Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината!

Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Меланија Трамп ја избра долгогодишната соработничка Хејли Харисон за шефица на својот кабинет

Меланија Трамп, сопругата на новоизбраниот американски претседател, денеска ја назначи долгогодишната соработничка Хејли Харисон за шеф на кабинетот на првата дама на САД.

„Харисон има солидно разбирање за операциите на Белата куќа и како началник на персоналот (таа) ќе го надгледува и раководи тимот на Источното крило додека стратешки се поврзува со другите делови на владата“, се вели во соопштението од кабинетот на Меланија Трамп.

Трамп најверојатно нема да се пресели во Вашингтон за да служи како прва дама со полно работно време, но ќе ја задржи платформата и ќе се фокусира на клучните приоритети, пишува Дејли Меил.

Во текот на првите четири години во источното крило на Белата куќа, тимот на Меланија Трамп беше далеку помал во споредба со другите модерни први дами и се состоеше од десетина вработени.

„Не сум загрижен бидејќи овој пат е поинаку. Имам многу повеќе искуство и многу повеќе знаење. Сакам)мојот тим да ја има истата визија како мене и да ми служи затоа што и служат на земјата“, рече Трамп во неодамнешното интервју за Фокс њуз.

Алармантен раст од 113,29% на стапките на дебелина во Македонија

Секој трет граѓанин во Македонија е со прекумерна тежина, од 90тата до 2022 година, процентот на обезност кај населението се зголемил за 113%

Ваквата тенденција е нотирана и во Центарот за справување со обезност, вели раководителот, д-р Недеска Минова, каде е зголемен бројот на пациенти. Причината за тоа ја гледа во достапноста на премногу нездрава храна, прекумерно консумирање на истата и физичка неактивост. Според нејзе, обезноста која веќе има епидемиски размери особено е алармантна кај малолетната популација која се повеќе го има овој проблем од кој страда целиот организам.

-За жал тоа се случува и во детската популација, што е многу поаларманто отколку кај возрасната популација, бидејќи децата кои што се справуваат со проблем дебелина понатаму стануваат во текот на животот наши пациенти. Мултисистемска болест, страда целото тело, започнувајќи од коскено зглобниот систем, најголем број од овие пациенти во текот на животот развиваат дијабетес мелитус тип-2 имаат покачен и нерегулиран крвен притосок, кардиоваскуларни компликации, проблеми со дишењето, психички проблеми, така да, едно мултисистемско засегање,- Д-р Наташа Недеска Минова – Раководител на одделение за ендокринологија и дијабетес.

Од отворањето на овој центар каде најобезниот пациент во моментов има 210 кг до сега се направиле 800 прегледи, а половина од нив се појавиле и на контролен преглед, што е позитивен тренд според Недеска Минова. Сепак, покрај упорност и волја за за лечењето на обезноста како болест која е хронична и тешка за лекување, потребни се и пари, оти фондот не го покрива лекувањето. Недеска Минова вели дека како центар прават кампањи за подигање на свеста, но решението го гледа во создавање на национална стратегија.

-Меѓутоа како завршуваат овие пациенти, се судираат со проблем со терапија. Терапија има, фармаколошка терапија постои, меѓутоа не е на товар на фондот и тоа пациентите треба да го сносат од својот буџет, а тоа не е малку. Потоа, како поддршка е потребно да имаат структуирана нутриција, односно план за исхрана кој што е направен од професионалци, нутриционисти, кои што исто така приватно ги плаќаат и структурирана физичка активност која исто така треба професионалец да ја направи, а тоа се за жал е недостапно од страна на државата,- Д-р Наташа Недеска Минова – Раководител на одделение за ендокринологија и дијабетес.

Според податоците на СЗО, наjoбезна нација во светот е американска Самоа, каде дури ¾ од возрасните се смета дека имаат прекумерна тежина. На Островите Тонга и Наури во Тихиот Океан исто така 70% од населението има прекумерна тежина. Во последните три децении во Европа со помала стапка на обезност можат да се пофалат Франција и Шпанија, додека пак ситуацијата во Британија и САД е загрижувачка.

притисни ентер