„Apple“ повторно прави преседан: Ќе наплаќаат и за вештачка интелигенција

„Apple“ би можел да им наплати на корисниците до 20 долари за своите напредни функции за вештачка интелигенција.

Американската технолошка корпорација „Apple“ би можела да им наплаќа на корисниците до 20 долари месечно за најновите напредни функции за вештачка интелигенција (AI), познати како „Apple Intelligence“.

Претставникот на истражувачката агенција „Counterpoint Research“, Нил Ша, наведува дека инвестирањето во вештачка интелигенција е скапо и дека „Apple“ ќе сака да ги пренесе тие трошоци на своите корисници, веројатно преку модел на претплата кој вообичаено чини 19,95 долари месечно.

Тој верува дека „Apple“ би можел да наплаќа помеѓу 10 и 20 долари месечно за своите нови функции за вештачка интелигенција.

Шефот за истражување на „CCS Insight“, Бен Вуд, додаде дека „Apple“ е една од ретките компании поврзани со уреди кои успеале да заработат на производи со додадена вредност.

Според него, „Apple“ претходно направил преседан меѓу своите корисници дека треба да плаќаат повеќе за премиум услуги, па сега би можел да бара повеќе пари за користење на напредните функции на ВИ.

„Apple“ претходно на својата годишна светска конференција за програмери (WWDC) во јуни објави дека ќе изгради сопствен систем за вештачка интелигенција во своите апликации и уреди, но не кажа дали ќе го наплаќа одделно.

Компанијата од Купертино изјави дека нејзиниот гласовен асистент „Siri“ ќе биде надграден со помош на вештачка интелигенција.

Извор: Б92

Гардијан: Украина доби зелено светло од В.Британија за користење на ракетите „Сторм Шадоу“

Украина доби зелено светло од Велика Британија за користење на ракетите „Сторм Шадоу“ на цели во Русија.

Велика Британија одлучи да му дозволи на Киев да ги користи ракетите „Сторм Шадоу“ за цели во Русија, пишува Гардијан, повикувајќи се на владини извори.

„Извори во британската влада објавија дека веќе е донесена одлука да и се дозволи на Украина да ја користи ракетата 'Сторм Шадоу' против цели во Русија, но тоа нема официјално да биде објавено во наредните денови“, пишува весникот.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека претставниците на земјите од НАТО треба да бидат свесни „со што си играат“ кога зборуваат за плановите да му се дозволи на Киев да гаѓа цели длабоко во руската територија со ракетни системи што Западот им ги доставува на вооружените сили на Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дискусијата за можната употреба на ракетите „Сторм Шадоу“ од страна на Киев за удар длабоко во руска територија ја нарече „играње со оган“.

Владимир Зеленски во јули изјави дека добил дозвола од британските лабуристи да ги користи овие ракети против цели во Русија. Подоцна, Министерството за одбрана на Кралството ја демантираше оваа информација.

Весникот Телеграф, повикувајќи се на извори во британската влада, објави дека американскиот претседател Џо Бајден би можел да ја укине забраната за употреба на англиската „Сторм Шадоу“ за удари против Русија.

Овластувањето на Вашингтон за користење на овие ракети е неопходно бидејќи тие се користат во тандем со американските системи.

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на СРЦ „Бранители'' во Општина Бутел

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативниот центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски пат во Општина Бутел.

Како што соопшти владината прес-служба, овој спортско рекреативен центар опфаќа фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, како и детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.

Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми, по пуштањето во употреба на Спортско рекреативниот центар.

Второ продолжение на 14-тата собраниска седница

 Собранието денеска ќе го одржи второто продолжение на 14-тата седница на чиј дневен ред се повеќе предлог закони по скратена постапка .

Собранието денеска ќе го одржи второто продолжение на 14-тата седница на чиј дневен ред се повеќе предлог закони по скратена постапка меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Во рамките на седницата пратениците треба да ги разгледаат и Предлог законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, трите по скратена постапка.

Трите законски решенија беа предложени како дополнителни точки на дневниот ред на седницата поради што утврдувањето на дневниот ред вчера траеше до доцна попладне.

На дополнителниот дневен ред на седницата има вкупно 33 точки од кои за две се повлечени материјалите, а вчера беше разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, во прво читање, поднесен од пратениците од Европскиот фронт, за кој Собранието утврди дека не е прифатлив и оти не треба да се даде на натамошно читање.

притисни ентер