Ќе се изведуваат тестови за одредување на вредноста на карбон моноксид во издишаниот воздух со помош на апарат: check smoke analyser, за присуство на кислород во крвта (изразено како сатурација со кислород во проценти) со помош на апарат- пулсоксиметар и на вредноста на максималниот експираторен проток (индивидуална способност за издишување на што поголема количина на воздух од белите дробови) изразен како ПЕФ со апарат пикфлоуметар.

Ќе се пополнува прашалник за општи податоци за пушачките  навики (стаж, број на дневно испушени цигари, присуство на кашлица и сл) и ќе се пполнуваат две листи кои се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се продобивките ако се откажат од пушењето.

Скопје сити мол и „Просветно дело“ ќе спроведат акција во која сите пушачи, кои ќе ги фрлат своите кутии полни со циграи, ќе добијат книга за здравјето.

Мотото на Светска здравствена организација за  годинава е апел до сите земји „Бидете спремни за едноставни, обични пакувања на цигарите", што значи забрана или рестрикција на употреба на лого, слики, пораки и слично на кутиите за цигари. Ова ја намалува атрактивноста на пушачките продукти, ја ограничува примената на кутиите како место за информации и податоци и ја зголемува ефективноста на грижата за здравјето. Може да бидат напишани само името на продуктот и брендот во обична боја./МИА

коментари

остави коментар