Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и доста топло време, но во попладневните часови не е исклучена појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Од средината на наредната недела во попладневните часови повторно ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.

Датум на објава: недела, 29 мај 2016 во 09:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар