Претседателот на Советот Петар Аневски во телефонски разговор за Канал 5 потврди дека една од точките на седницата е да се побара од Катица Јанева податоци примопредавањето на прислушкуваните материјали односно колку аудиоснимки и транскрипти од т.н бомби и биле предадени од страна на раководството на СДСМ.
Дали ќе бараат одговор од Јанева дали постои записник или друг документ за она што е примено во Специјалното јавно обвинителство  и дали постои основ за поведување на дисциплинска постапка за нестручно и несовесно работење на Јанева, како што објавува весникот Дневник, Аневски не сакаше да открива, Рече другите детали ќе се знаат во утрешната седница која започнува во 11 часот.
Специјалната обвинителка мината недела преку соопштение информираше во моментот на примопредавањето на материјалите од страна на СДСМ не бил сочинет записник на материјалите но дека тоа не е законски пропуст и дека обвинителството постапувало според законските прописи.

-Појаснуваме дека се работи за материјал предаден на барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста, пишува меѓу другото во соопштението од Специјалното обвинителство.

Според Аневски оваа точка била ставена на дневен ред по допрен глас односно по извештаите во медиумите за оваа тема.

коментари

остави коментар