Како што информираше министерот Јолевски средбата со членовите на Комисијата, е со цел на крајот на годината да се разменат мислења и ставови околу тоа како се движеле реформите на АРМ во 2015 година и кои се плановите за 2016 година.

- Ние имаме одлична соработка со Комисијата и постојано сме во контакт, меѓутоа сметаме дека е добро еднаш на крајот од годината да имаме ваква заедничка средба со сите членови и да разговараме неформално во Домот на Армијата, истакна Јолевски.

За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како поранешен член на Комисијата, овие средби се убава можност да се разменат мислења околу тековните состојби во одбраната и безбедноста во Македонија. Членови на Комисијата со претставниците од Министерството за одбрана и од Генералштабот на Армијата, рече, имаат можност да ги сумираат резултатите од годината што привршува и да разговараат за одредени приоритети кои треба да бидат на агендата за наредната година.

- Законодавната и извршната власт кога соработуваат е од заеднички интерес, бидејќи големите проекти кои бараат собраниска процедура е добро да бидат разговарани во една ваква атмосфера и при седниците на Комисијата да имаме што е можно повеќе информации, за нашите колеги пратеници да одлучуваат соодветно, изјави Емил Димитриев , истакнувајќи дека ова е добра пракса што треба да биде задржана и во иднина.

Датум на објава: понеделник, 14 декември 2015 во 16:05
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:44

коментари

остави коментар