- Ахмети го повтори ставот на ДУИ за поддршка на препораките на ОДИХР и им се заблагодари на властите на ОБСЕ/ОДИХР за помоштта за затворање на отворените прашања во врска со изборниот законик. Лидерот Ахмети истакна дека страните потписнички треба да го почитуваат рокот за одржување на изборите на 24 април 2016 година како и изборниот законик. ДУИ ќе се ангажира за фер, слободен и демократски процес, но очекуваме посветеност од сите партии за спроведување на изборите, соопшти ДУИ.

Партијата наведува дека Ахмети ги повторил очекувањата на ДУИ, партиите да ги затворат сите прашања во оваа недела, да се одобрат сите закони подготени од работната група и веднаш да се комплетира тимот на Специјалниот обвинител.

На средбата се разговарало и за евроатлантската перспектива на Република Македонија и за политичката платформа на ДУИ за иднината.

Датум на објава: среда, 04 ноември 2015 во 20:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар