За настанувањето на стапчињата кои Кинезите, но и другите азиски народи ги користат во текот на јадењето, постојат многу легенди, но всушност вистинското објаснување се крие во кинеските обичаи.

Стапчињата како прибор за јадење за прв пат се појавиле во текот на династијата Шанг, меѓу XVI и XI век пред новата ера.

Од евтина изработка и лесни за ракување брзо се распространиле низ Кина, а потоа и на поголемиот дел на Азија.

„Употребата на стапчињата е секако израз на префинетост“ – смета францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, автор на “Речникот на прехранбената култура“, за разлика од некогашните европски трпези каде прехранбените продукти се сечени со оружје за да се истакне начинот на кој аристократијата ја приграбила власта во државата, а тоа е насилството.

„Во Кина од друга страна, напредувањето на општествената скала се остварувало со изучување математика и поезија. На ладното оружје – ножевите и вилушките, местото не им било на масата. Целото “насилство“ се задржувало во кујната каде продуктите се сечат, не само од практични причини, туку и за да не се послужи големо парче месо кое гостинот би го потсетило на убиеното животно – додава Пулен.

„Користењето на стапчињата упатува на благост и  добронамерност“ – наведува Пулен во изјава за „Франс антер“, 

Според една легенда, стапчињата ги измислил првиот кинески цар, Ју Велики, кој од страв дека ќе биде убиен забранил употреба на ножеви и вилушки.

„Во една прилика бил толку гладен што не можел да почека јадењето да се излади па откорнал две гранки со кои се послужил како клешта“ – додава Пулен.

Иако сите историчари не се согласуваат околу потеклото на стапчињата, едно е сигурно - многу се корисни за оние што редовно ги употребуваат.

Имено, со нивното ракување се покренуваат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланките и рацете.

Датум на објава: понеделник, 03 август 2015 во 11:50
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:04

коментари

остави коментар