За очекувањата од реваншот во Скопје  во Дневникот на Канал 5 Бранко Казаковски разговараше  со капитенот на Работнички Баже Илијоски.
Во Скопје може да се надокнади минималниот пораз од Талин, Флора покажа одреден квалитет, но и Работнички имаше доста шанси на првиот натпревар?

-Имаме негатива од 1-0 од првиот натпревар, но ние не бевме послаб противник од Флора во Талин. Тие имаа една шанса и ја искористија. За разлика од нас кои  што не ги искористивме своите шанси. Но, резултатот е отворен и мислам дека можеме да го анулираме негативата од првиот меч и  дека на арената Филип Втори ќе успееме во тоа и ќе  се пласираме во второто квалификациско коло на Лигата на Европа, изјави капитенот на Работнички Баже Илијоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.


коментари

остави коментар