Со пребројани 80% од гласовите, 61,56 % гласаа со НЕ, а 38,44% со ДА. Сега грчката влада го доби токму она што го посакуваше, едно силно НЕ како оружје за нови преговори со кредиторите. Според аналитичарите резултатот од референдумот може драстично да ја смени иднината на земјата. За сега се уште не е познато кои ќе бидат следните чекори на Ципрас и дали ќе се исполнат прогнозите и предупредувањата дека со НЕ, Грција е едне чекор пред Грегзит. Последните информации од Атина се дека грчкиот премиер е во континуирани телефонски разговори со Брисел и Европа.

Резултатот од референдумот беше доволна и силна причина членовите на Неа димократија да побараат од лидерот на партијата да си замине од водечката позиција. Смарас ги послуша и пред малку си даде оставка.

Во меѓувреме, откако стана јасно дека победник на референдумот е НЕ, граѓаните почнаа да се собираат на плоштадот Синтагма и да слават. И сето ова се случува во период кога банките се затворени, а редиците пред банкоматите станаа секојдневие на Грците. Освен што не е познато кои ќе бидат следните чекори на Ципрас и што ќе донесе утрешниот ден, останува енигма и тоа дали банките ќе отворат во вторник како што беше најавено. 

Датум на објава: недела, 05 јули 2015 во 21:15
Сања Ристовска
Обновено во: 22:53

коментари

остави коментар