Главниот акцент  ќе биде во сабота на 4 јули, кога на градскиот плоштад  “Свети Климент Охридски”  ќе  се одржи голем концерт на Слаткаристика, Тајзи и Саунд Месинџерс. Посетителите ќе може да уживаат и во ракотворбите и производите од старите традиционални занаети.

- За гостите ќе претставува една добра можност да видат и да се запознаат со сето она  што како туристички производ изработено од вредните раце на охридските занаетчии  ќе биде презентирано на неколку штандови. На трети и петти угостителите ќе работаат  со продолжено работно време  додека на четврти традиционалната бела ноќ  ќе биде со неограниено работно време, истакна Ѓоко Апостолов  раководите на сектор за туризам.

Македонскиот претставник , второ пласиран на годинашниот „Х Фактор“ , охриѓанецот  Боби Мојсоски, поради обврски во Белград  ќе им должи концерт на охриѓани. 

- Што повеќе има  концерти и настапи во нашиот град ќе има поголемо внимание кај туристите,  но треба да се обрне внимание  и на квалитетот на музиката  и музика која ја слушаат луѓето во светот а не само на Балканот бидејки знаеме дека  овде доаѓаат туристи од цел свет, изјави Боби Мојсоски.

Во белата ноќ  и годинава се вклучени  и  угостителите,  кои ќе понудат услуги со попуст од 10 до 30%.



Датум на објава: четврток, 25 јуни 2015 во 14:19
Соња Рилковска
Обновено во: 15:40

коментари

остави коментар