Ќе се промовираат  и културниот, алтернативниот и спортскиот туризам како адути за привлекување на туристи вон сезона.

- Договоривме еден убав настан  убава можност за Охрид и охриѓани  и за сите оние туристички  работници за една подобра и поефикасна промоција на туристичката понуда  меѓутоа не само во лето туку и преку целата година, истакна Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

- Да ги зближиме сите чинители на туризмот во Македонија на едно место каде што ќе може да се  подготвиме за успешна туристичка сезона во Охрид да дојдеме и да го посетиме Охрид во се поголем број и  да допринесеме за се поубави поуспешни приказни во туризмот, вели Лејла Крстевска претседател на Стопанската комора за туризам.

Скопскиот саем за туризам е еден од најпосетените саеми во земјава. Претставници ќе има од  Турција, Иран, Црна Гора, Србија, Тиват, Банско и други места.

- Охрид како наша најголема туристичка дестинација со задоволство ќе биде во центарот на вниманието  за време на овој саем кој е меѓународен и на кој земаат учество повеќе држави, градови, повеќе туристички организации и тур оператори , вели  Валентина Димитрова  директор на  Скопски саем.

Петтиот јубилеен Меѓународен скопски саем  за туризам  ќе се одржи  од седми до деветти мај во Скопје.

Датум на објава: четврток, 26 март 2015 во 14:54
Соња Рилковска
Обновено во: 15:09

коментари

остави коментар