Немцов на својот блог по масакрот во редакцијата на Шарли Ебдо напишал дека исламот е заостанат во средниот век, што како силен верник го разлутило Дадаев – инаку еден од најхрабрите руски војници кој бил прогласен и за воен  херој во битката против чеченските терористи.

Дадаев е вработен во руското МВР во Чеченија. Останатите осомничени не го признаа делото.

Од друга страна  Иља Јашин, копретседател на партијата на убиениот опозициски лидер Борис Немцов, не верува дека чеченците се виновни за атентатот. Во изјава за Би Би Си  тој ја отрфла оваа теза и смета дека виновниците треба да се бараат во  руската влада. Немоцив не беше толку силен критичар на радикалниот ислам, колку што беше критичар на претседателот Путин - вели тој. Според Јашин убиствотот е акт на терор за да се заплаши руското општество.

Борис Немцов беше убиен на 27 февруари,на еден московски мост, во близината на Кремљ.

Убиството се случи на само дванаесетина часови пред планираниот митинг на неговата партија, против војната во Украина и „руската вмешаност“ во тамошниот конфликт.


Датум на објава: понеделник, 09 март 2015 во 17:26
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 17:34

коментари

остави коментар