На оваа тема во вестите на Канал 5 , Соња Рилковска во Охрид разговараше со Милутин Секулоски професионален нуркач.

Познатиот нуркач Милутин Секулоски и неговите педесетина колеги денес од градското пристаниште  тргнаа во мисијата Пренуркување на Охридското езеро. За четири месеци Секулоски ќе го пренурка целото езеро од Охрид преку Струга, Радожда, Поградец, Свети Наум за конечно после поминати  80 км 320 м да стигне до целта. Од четиримесечната подводна  авантура  ќе биде изработен документарен филм, кој ќе послужи за научната јавност но и за туристичка промоција на Охрид.

-Скоро секој ден сум во вода и преку зима затоа што сега е потребна не само физичка подготвеност туку и суловите во вода се  доста специфични. Ние ќе нуркаме во вода на температура од 8 до 9 степени ,вели Милутин Секулоски професионален  нуркач.
Неговиот подвиг ќе го следат  специјални медицински тимови со хипербарична кислородна комора за итна интервенција.


Целиот разговор погледнете го во видеото.

Датум на објава: сабота, 28 февруари 2015 во 18:45
Соња Рилковска

коментари

остави коментар