Група македонски навивачи, како што јави Дојче Веле, синоќа учествувалa во инцидент пред аеродромот во Дортмунд, каде пристигнале како гости на навивачката група на фудбалскиот клуб Шалке од Гелзенкирхен.

Според информации на полицијата, групата македонски навивачи била пречекана од своите домаќини на аеродромот околу 21 часот. Веднаш по излегувањето од аеродромската зграда, навивачката група на Шалке се соочила со ривалска група на навивачи на Борусија Дортмунд. Дошло до жестоки судири и масовна тепачка во која учествувале околу 120 навивачи од двете страни. Хулиганите фрлале и со камења, а малубројната аеродромска полиција не можела да го спречи инцидентот. По интервенција на полициски сили од градот Дортмунд, кои употребиле и солзавец, состојбата се смирила.

Од полицијата во Дортмунд утрово за ДВ изјавија дека во инцидентот немало повредени, ниту уапсени, но според билтенот предизвикана е материјална штета врз неколку возила на паркингот на аеродромот во Дортмунд.

Меѓу вмешаните во инцидентот, најголемиот дел биле од Македонија и од Гелзенкирхен.

Викендов во германската Бундеслига се игра локалното дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен. Ривалитетот меѓу двата клуба и двете навивачки групи е огромен, а неретко се случуваат инциденти пред, за време и по натпреварите. Македонските навивачи во Германија пристигнале на покана на навивачите на Шалке, најверојатно како нивни гости на мечот. Засега нема информации дали навивачите од Македонија се припадници на некоја навивачка група од земјата.
 

Датум на објава: четврток, 07 март 2013 во 09:15
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:47

коментари

остави коментар
  1. Sramotiloci, na mnogu medii se spomnuva Makedonija negativno, poradi ova.
  2. КАКО НЕМАТЕ ИНФОРМАЦИЈА , КОЈА МАК ТИФО ГРУПА Е ПОБРАТИМЕНА СО НАВАЧИТЕ НА ШАЛКЕ 04 И ОДИ НА ГОСТИ И КАЈ КОГО ДОАЃААТ ?? КОМИТИ СКОПЈЕ-НОРМАЛНО А КОЈ БИ МОЖЕЛ ДРУГ ДА ИМА КАПАЦИТЕТ ДА ИМА БРАТСВО СО ТОЛКАВА ТИФО ГРУПА ОД ГЕРМАНИЈА!