Во соопштението се прецизира дека е суспендирана испораката на бродот „Владивосток“, еден од двата носачи на хеликоптери од класата на „мистрал“, пишува агенцијата.

Официјална Москва порачала два такви брода со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра, потсетува француската агенција, од кои еден требало да биде испорачан во октомври, а другиот во текот на следната година.

Тоа е најголемата продажба на наоружување на Русија од една членка на НАТО.

Во ек на кризата во Украина, Париз веќе со месеци е под голем притисок на сојузникот да ја запре испораката на тие два брода на Русија.

коментари

остави коментар