Првопријавениот  П.П. (61) како раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. (50), архитект во општината, во периодот од 24 до 27 декември 2103 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување и како надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот З.Б. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на станбено деловен објект од втора категорија на ул.„Братство-Единство“ во Дебар. 

Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено-деловен објект со димензии во висина поголема за 1,86 односно 3,53 метри од предвидените со ДУП на посочените катарстарски парцели. Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин инвеститорот наместо поткровје изградил цел кат. Таквата состојба е констатирана и од општинскиот овластен градежен инспектор при вршење инспекциски надзор за што на 28 март 2014 година е составен записник.

Со тоа, по основ на разлика на цена за метар квадратен на стамбен простор и поткровје и нереално исплаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, на З.Б. и овозможиле противправно да се стекне со имотна корист во износ од 1.531.248 денари и со тој износ  го оштетиле буџетот на Република Македонија. /МИА

Датум на објава: четврток, 18 септември 2014 во 11:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар