4,3 проценти раст на македонската економија. Државниот завод за статистика регистира раст на бруто домашниот производ во вториот квартал од 2014 - та.

Најголем двигател е личната потрошувачка, инвестициите, велат од Статистика, но за колку официјалните податоци се очекуваат да бидат објавени попладнево.

Во првиот квартал Статистиката пресмета раст од 3,9 отсто. Оттаму информираа дека е променета методологијата за пресметка на бруто домашниот производ. Сега се вклучени поголем број податоци од досегашните анализи, на пример, вметнати се податоци за истражување и развој на компаниите во вид на инвестиции, трошоци за службени возила, бонуси, примања на членови на управни одбори и друго.

Стапката на невработеноста пак е намалена за 0, 8%, споредено со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во однос на првиот квартал регистирано е намалување од 0,2 отсто.

Близу 958 илјади лица се водат како работоспособно население во земјава од кои 270 325 се невработени, додека околу 690 илјади се вработени лица. 59% од невработените се мажи. Најмногу вработени има во преработувачката индустрија, во земјоделството, трговија и градежништво.

Датум на објава: петок, 12 септември 2014 во 14:58
Маја Дамјановска
Обновено во: 15:29

коментари

остави коментар