Раководителот В.Ц. од ЈПКД „Брегалница“ вчера бил нападнат од двајца Делчевци во својата канцеларија.

Како што информира полицијата, З.Н. и А.Н. влегле во службената просторија на В.Ц. Во физичката пресметка со повреди се здобиле и раководителот и З.Н. кои подоцна биле констатирани во Здравствениот дом во Делчево.

Се уште не се објавуваат мотивите кои довеле до инцидентот. Полицијата го расчистува случајот, по што ќе има и соодветни пријави.

Датум на објава: вторник, 17 јуни 2014 во 12:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар