Уште на почетокот кога граѓаните ја дадоа својата поддршка на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочи Јакимовска, нашите заложби и ветувања беа дека напорно ќе работиме и ќе се трудиме да го решиме најгорливиот проблем во Република Македонија, а тоа е невработеноста, која впрочем во минатото ја создаде СДСМ со своите погубни политики.

- ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која успеала драстично да го намали процентот на невработеност. Тоа е доказ дека политиките на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Една од многуте мерки кои што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги воведе за намалување на невработеноста е и мерката со која се овозможува земање поволни кредити за самовработување, рече Јакимовска.

Таа потенцира дека тие кредити за самовработување можат да ги добијат невработените евидентирани лица во Агенцијата за вработување и според предвидените услови, за секое ново отворено работно место може да се добијат 3.000 евра кредит.

- Доколку се формира мала фирма со тројца вработени, кредитот може да достигне и до 9.000 евра. За дејности од поголем обем може да се здружат и петмина невработени. Во тој случај првиот добива 5.000 евра, а останатите по 3.000 евра или вкупно 17.000 евра за отпочнување на сопствен бизнис, истакна Јакимовска.

Од друга страна, информира таа, доколку лицата кои аплицираат за овие кредити се невработени по основ на технолошки вишок или стечај можат да добијат уште дополнителни 1.000 евра по лице.

- Заинтересираните граѓани овие кредити ќе можат да ги добијат под исклучително поволни услови, односно за самовработување каматата изнесува еден процент со грејс период од една година, рокот на отплата од три години е за кредитите до 9.000 евра и пет години за тие над оваа сума. Додека пак за фирмите, рокот на отплата изнесува две години, рече Јакимовска и додаде дека се цврсто убедени дека како и со останатите, така и со оваа мерка која што вчера беше презентирана од страна на Владата, ќе се продолжи трендот на постојано намалување на процентот на невработени лица во Македонија.

Таа нагласи дека за разлика од порано кога во Република Македонија се бркаа луѓе од работа и континуирано растеше бројката на невработени, сега реалноста е поразлична.

- Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи за уште поголемо намалување на невработените лица во Македонија, како и подобрување на стандардот на граѓаните, додаде Јакимовска.

Датум на објава: четврток, 27 февруари 2014 во 15:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар