Група жени служеле како жив штит и стоеле меѓу полицајците и демонстрантите, со надеж дека нивното присуство ќе го запре насилството, пишува Дејли Меил.

„Бев блиску до полицајците кога една пријателка ми дофрли нешто. Не можев да ја чујам па и реков да ми се јави. Тогаш и го кажав мојот телефонски број“, раскажува Лидиа. Наместо повик од пријателката, добила порака од полицаецот кој стоел пред неа. Во пораката пишувало дека е воодушевен од нејзината храброст и дека сака да се ожени со неа.

Лидиа подоцна се сретнала со него и се родила љубовта. Таа не сака да го открие идентитетот на полицаецот бидејќи се плаши тој да не ја изгуби работата.

Кога ја поканиле на телевизија да зборува за својата љубов, Лидиа ја искористила приликата да предупреди за некои работи.

„Вистина е дека се вљубив во полицаец кој го запознав таму, но ќе ви кажам друга приказна. Тој ден ги користев моите раце, но не да се борам против полицијата, туку за да ги влечам мртвите тела од загинатите на улиците. Ова е приказна за тоа како како мои двајца најдобри пријатели се убиени додека мирно протестираа“, рекла Лидиа во емисијата.

Датум на објава: среда, 26 февруари 2014 во 14:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар