Четириесет и три годишниот кумановец С.Б. со лажни платежни картички присвоил 680.706 денари. Полицијата против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картица“.Кумановецот се уште е недостапен за полицијата, односно не е во Македонија.

Според МВР, пријавениот во текот на март и април минатата година употребил лажни платежни картички на кои вметнал нелегално пријавени банкарски податоци од вистински платежни картички на странски државјани. Притоа, на ПОС терминал на домашна банка инсталиран на продажно место во туристичката агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ во Куманово која што е во негова сопственост, извршил 10 успешни нелегални трансакции со шест различни картички и нелегално се стекнал со 681.706 денари. Парите ги подигал во готово од сметката на “Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ или ги префрлил на сметки на други правни лица. 

Во тек на операцијата „Русо“ во октомври  лани, укажува МВР, е извршен претрес во домот на скопјанецот М.Н., организатор на криминална група, при што биле пронајдени три ПОС терминали сопственост на три различни домашни банки за кои по извршените проверки  е утврдено дека биле инсталирани токму во „Талија Травел Трејд ДООЕЛ

Датум на објава: сабота, 30 март 2013 во 11:41
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:56

коментари

остави коментар