Одлична игра на ракометарите на Вардар против големата Барселона на гостувањето во Шпанија.

Црвено црните уште еднаш покажаа дека се многу негоден противник за еден од најквалитетните тимови во Европа големата Барселона.
Македонскиот шампион  попладнево во Блауграна беше достоен противник на домашната Барселона, вардарци одиграа израмнето прво полувреме против апсолутниот фаворит и тоа на гостински терен .

Сепак во вториот дел последните 15 минути  до дојде до израз  долгата клупа на домаќините и Вардар очекувано го загуби мечот со 30-23. нашиот шампион вечерва во Блауграна одигра фантастични 45 минути против супер квалитетниот противник.

Вардар предводен од извонредниот Милиќ на голот долго одолеваше на нападите на ѕвездите на Барселона. Голманот на Вардар крајот на мечот го дочека со извонредни 19 одбрани, најефикасни во редовите на нашиот шампион се Брумен со 6 и Дибиров и Душебаев со по 5 голови.
Прв стрелец на средбата беше нашиот капитен  бекот на Барселона Кире Лазаров со 7 погодоци.

Датум на објава: сабота, 30 ноември 2013 во 17:53
Крсте Галевски

коментари

остави коментар