Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и поранешниот претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус на синоќешната средба во вилата „Билјана“ во Охрид, разговараа околу предизвиците со кои се соочува Европа и ЕУ, предизвиците во процесот на евроатланските интеграции, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, двајцата соговорници изразија задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Македонија и Чешка. 

Поранешниот чешки претседател изрази благодарност за можноста да учествува на четвртата Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, започнува денеска во Охрид.

Предвидено е поранешниот чешки претседател да има обраќање на свеченото отворање на Школата и да одржи предавање.

Датум на објава: понеделник, 19 август 2013 во 09:04
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:25

коментари

остави коментар