Старозагортскиот митрополит Кипријан е претседател на синодалната комисија за преговори со МПЦ, а Пловдискиот митрополит Николај е член на истата комисија.
Средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов е закажана за в петок.
Засега нема официјална потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската православна црква.

Радев денеска во Софија се сретна со Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 22:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар