Џавад Бендауд беше обвинет за засолување на Абделхамид Абауд и Чакиб Акроух по нападот во Париз во кој загинаа 130 лица , а стотици беа повредени .
За време на судењето тој  негираше дека знаел што направиле двајцата терористи . Исламската  држава соопшти дека стои зад нападите на националниот стадион, во барови и ресторани во градот, како и на  концертот во салата  Батаклан.
Обвинителите побараа четиригодишна  затворска казна  за  Бендауд, познат како трговец со дрога и ситен  криминалец, за наводно засолување терористи во неговиот стан во Сен Дени, на северот  од Париз.
Сепак обвинителите рекоа дека немаат  доволно докази за тврдењето дека тој знаел што направиле терористите .

Се верува дека Абаоуд, белгиски државјанин, бил водач на нападите во Париз, кој подоцна беше убиен во полициската  рација во станот во Сен Дени.

"Некој ме праша за услуга, им помогнав", рече Бендауд во судот .

Додека  Бендауд беше ослободен, двајца други обвинети денеска  беа осудени.

Јусеф Атбулахен, братот на една жена убиена во полициската рација во станот во Сен Дени, е осуден на четири години затвор поради тоа што не ги предупреди властите за терористички заговор.

Пријателот на  Бендауд, Мохамед Сума, обвинет дека дејствувал како посредник, беше  осуден на пет години затвор.

На единствениот преживеан сторител на нападите во Париз, Салах Абдеслам, му се суди во Белгија.Неговотот судење во Франција не се очекува да почне пред 2020 година.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 19:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар