Во сударот на две аеродромски возила две лица се повредени , од кои едното во болница им подлегнало на повредите , соопшти полицијата . Веднаш на местото на несреќата дошле спасувачките екипи . Метежот на терминалот 5 предизвикал застој во сообраќајот на аеродромот .

Илјадници патници чекале да заврши увидот за да може да полетаат .
Загинатиот бил воздухопловен инжинер на возраст од 40 години , додека вториот повреден има скршено рамо и помали повреди , така што е надвор од животна опасност.

Најмалку 20 авиони доцнеле со полетувањето или слетувањето на Хитроу .


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 17:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар