Не е познато колку долго ќе се задржи Сакашвили во Холандија, ниту со што ќе се занимава, наведува „АП“.

„Ќе видиме“, одговорил Сакашвили на прашањето на државната холандска телевизија NOS, за тоа колку долго ќе се задржи во таа земја.

Тој изјави дека должината на неговиот престој ќе зависи од околностите, наведувајќи дека дошол во Холандија поради случувањата во Украина, како и тоа дека тоа е земја во која доаѓа многу често.

Сакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а од 2015 година е поставен за гувернер на украинскиот регион Одеса. На тоа место поднесе оставка во 2016 година, обвинувајќи ги централните власти дека ја попречуваат неговата борба против корупцијата.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 16:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар