„На 18 години бев танчарка во Њујорк. Имав ужасни искуства, ги надминуваат сите приказни кои досега ги имате слушнато. За среќа, се извлеков. Имав родители со силен карактер кои така ме воспитаа и бев многу зрела. Знаев што треба да направам. Многу девојки го немаат тоа, не знаат како да реагираат и што да направат“ – изјави Голди и додаде дека доживеала неколку напади кои одвај ги избегнала.

„Тоа што се случува е резултат на нарцисизам, луѓето кои мислам дека имаат право на се што ќе посакаат, мислат дека се непобедливи“ – објаснила Голд.

Голди Хон денеска се занимава со активизам па се посвети на подигнување на свеста за важноста на менталното здравје.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 15:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар