Подобри временски услови,  поголема грижа од државата и навремено исплаќање на предаденото грозје очекуваат лозарите од Тиквешкиот регион кои денеска го одбележуваат заштитникот Св Трифун.

Се пожалија на ниски откупни цени,  а се поголеми давачки за производство.

Според надлежните завршена е исплатата на субвенции за предадено грозје .
Најавија стимулативни мерки за развој на лозарството.

Поддршката на лозарството, велат производителите,  дополнително влијае на подобрување на квалитетот на родот и производство на квалитетно вино за домашните и странски пазари.


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:59
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 18:37

коментари

остави коментар