Врнежи не очекуваат и во следните денови, посебно наредната недела. Најкритичното и натаму е на патот Маврово-Ростуше кај манастирот Бигорски. Тој од попладнево е прооден откако два пати за 24 часа се урна лавина. Илјада метри кубни снег, камења и дрвја- три часа го блокираа патот.

Лавините демнат и на падините на скијачките центри. Снежните бури закана и за скијачите.  Владимир Јовановски, искусен скијач со апел до љубителите на адреналинот. Да внимаваат, бидејќи природата е непредвидлива.

Предупредува и директорот на ЕЛЕМ турс. Вели, на Попова Шапка - лавини има, но засега не претставуваат опасност.

Временските неприлики кои ја зафатија земјава причина и за зголемување на водостоите на реките. Изутринава нивоата својот максимум го достигнале на Кумановска како и Боротинска река во сливот на Црна Река. Но, хидролозите смируваат- засега, опасност од излевање нема. 


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:50
Катерина Капкоска
Обновено во: 14:58

коментари

остави коментар