Поранешниот премиер Никола Груевски во судницата побара од Судот  да ги отфрли СМС пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, нивната содржина може многу лесно да се манипулира, а и дека невозможно е да се утврди нивната автентичност. Тој додаде дека пораките можеле да се контаминираат и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство.

Груевски рече дека Судот работи под политички притисок и побара да има еднаков третман како оној што ми се дава на премиерот Зоран Заев во случајот “Поткуп”. Во изјава за медиумите на шега рече дека во судот доаѓа толку често што треба да му дадат канцеларија и плата.

За време на денешното рочиште одбраната го бараше записникот и ЦД-то со снимениот материјал од претходното рочиште со цел да дадат соодветна одбрана. Адвокатите исто така побараа да добијат и копија од прислушуваните разговори, но и побараа да бидат отфрлени вештачењата за овој предмет бидејќи според нив тие се направени од вештаци без лиценци. На ова Обвинителката Лиле Стефанова рече дека таа повеќе нема да се произнесува по предлози кои постојано се повторуваат.



Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:47
Михаела Димовска
Обновено во: 15:12

коментари

остави коментар