Тој информираше дека изминатиов период освен што се имплементираше  проектот за регулација на реката Липковка, било извршено и чистење на речните корита на Којнарка и Кумановка.

  - Ние можеме само превентивно да делуваме.  Општинскиот штаб за справување со кризни состојби е секогаш подготвен да се справи со состојбите,  но она што е најважно за нас како општина со имплементација на овој проект за регулација на речното корито на реката Липковка мислам дека  трајно или на 50 години  ќе го решиме проблемот со излевање.

Вкупниот проект е во вредност од 800.000 евра, од кои  20 проценти финансира општината.  Тие средства се целосно исплатени додека останатите се обезбедуваат како донација на амбасадата на Јапонија во РМ  и УНДП  како поддржувач и имплементатор на проектот, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:41
Снежа Петковска
Обновено во: 14:43

коментари

остави коментар