Токму овој случај можеби е врвот на скандалите кои го пратат објавувањето на годишната програма за финансирање на проекти преку министерството за култура. Токму за овој  за овој случај  веќе пишуваат и весници од регионот, имајќи во предвид дека овој бенд е штитеник на дискографски куќи од балкански земји.

За овој скандал реакција стигна и од филхармонија, од каде што пишуваат дека комисијата во министерството за култура направила пропусти при одобрувањето на пари за не постоечки проекти. Со соопштение за програмата се јавија и од “Македонската асоцијација на издавачи”, во кое велат недостасувала транспарентност и доследност во запазувањето на критериумите за избор на членови на комисиите, како и конкретни критериуми за бодување на квалитетот на поднесените проекти. Обвинуваат дека на еден ист автор му се доделени повеќе дела, мал бил бројот на поддржани проекти за детска литература и имало и селективност при доделувањето на пари за комерцијални проекти.

Директорот на издавачката куќа “Шкупи” пак,  јавно го прочитаа отвореното писмо до министерот Алаѓозоски во кое пишува дека се задоволни од тоа колку пари се дадени за проекти на албански јазик, но се незадоволни од правичноста при распределбата на средствата.

Инаку, според дел од јавноста скандалозна е и одлуката на министерстовото да одвои скоро 3 милиони денари за фестивалот на албанска песна „Евент“. Според одобрената сума, овој проект за министерството е од поголем национален интерес од фестивали како „Макфест“, „Фолк фест Валандово“ и „ Охридски трубадури“ кои имаат на располагање многу поскромни буџети за реализирање на програмата. Вкупно за сите три фестивали Министерството одобри речиси идентична сум со онаа што ќе ја има на располагање само на тетовскиот фестивал.


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:22
Александар Видиновски
Обновено во: 15:13

коментари

остави коментар