Тој инаку е познат како актер кој често ја одбива помошта на каскадерите.

Ѕвездата на франшизата „Невозможна мисија“, сцените за шестиот филм ги снимаше во центарот на Лондон.

Актерот фотографите го снимија додека “висеше“ од Катедралата Свети Павле, која е една од највисоките цркви во светот, висока повеќе од 150 метри.

Кога ги снимил опасните кадри, добро расположениот Том ги поздравил воодушевените фанови кои се собрале и ги посматрале неговите акробации.

Потсетуваме, актерот пред шест месеци го скрши зглобот на две места при изведувањето опасна сцена во која скокна на зграда. Наместо да заврши на покривот, Круз удри со нозете на работ од зградата.

„Невозможна мисија 6“ ќе почне да се прикажува во киносалите кон крајот на јули оваа година.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар