Меѓутоа, за тоа се уште чека докази, но тоа е „црвената линија“.

„Јас и на Путин му реков дека хемиското оружје е црвена линија. Ако имаме докази дека користеле хемиско оружје и ако ги кршеле меѓународните прописи ние ќе ги бомбардираме местата каде го прават оружјето. За сега наштие служби не го утврдија тоа, според меѓународните стандарди, дека тие го користат против цивили“, појасни Макрон.

Сириската влада негира, но некои организации кои ја следат ситуацијата во таа држава тврдат дека режимот на Асад во повеќе наврати фрлил бојни отрови на цивили.

Последните неколку недели хуманитарните организации од САД доставија наоди дека режимот на Асад користи хлор, кој легално го увезува, како боен отров против цивили во бунтовничките провинции Гоута и Идлиб.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 11:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар