Како што соопшти УХМР, во осум часот утринава измерени се 51 сантиметар снег во Лазарополе,  48 Пожаране, 46 Крушево, 17 Тетово, 16 Ѓуриште, 15 Охрид, 7 Претор, 4 Дебар, 2 Крива Паланка и еден сантиметар во Берово.

Во изминатите 24 часа најмалку наврнат воден талог е измерен во Струмица три, следат Штип со шест, Виница, Демир Капија и Берово со седум,  Битола осум, Тополчани, 11 Дојран, 12 Прилеп, 13 Крива Паланка, 18 Скопје, 19 Ѓуриште, 20 Гевгелија, 26 Претор, 27 Тетово, 28 Крушево, 30 Лазарополе, 42 Дебар и Пожаране 44.

Изутринава во Македонија преовладува променливо облачно време  на планините и на некои повисоки места има слаби врнежи од локален снег. Дува умерен, а наместа и засилен ветер претежно од северозападен правец, во струмичкото подрачје брзината на ветерот достигнува до околу 60 км/час. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 09:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар