Винарската визба „Тиквеш“ организира закројување на лозјата на локацијата „Лепово“ каде покрај менаџерскиот тим на винаријата се очекува да присуствуваат и владини преставници.

Закројување на лозјата се организира и во месноста Ајватовци во општина Илинден. Закројувањето ќе почне со божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, а во рамки на одбележувањето на празникот, ќе биде избрано и најдоброто домашно вино приготвено на традиционален начин.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме. /МИА

коментари

остави коментар