По серијата реплики градоначалникот и претседавачот на Советот се усогласија дека се донесени и буџетот и програмата но и дека ќе се реализираат сите предвидени проекти. Георгиевски и Бојковски најавија дека на јавна расправа со граѓаните ќе им се даде гаранција со рокови и динамика на изведување на предвидените проекти во програмата. Георгиевски прецизираше што е направено во првите 110 дена од неговиот мандат,

Бојковски вети поддршка на советниците за проектите кои се во интерес на граѓаните. На крајот од емисијата,  лутите политички противници, ја оставија партиската боја зад себе, и од емисијата заминаа со приватното возило на градоначалникот во Стајковци, каде живеат и двајцата.

За меѓуетничките односи во општината, за работата на Советот, за проблемите на жителите на Стајковци, Јурумлери и останатите населени места во Гази Баба погледнете што кажаа Георгиевски и Бојковски во вечерашната „Само Вистина“.


Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 20:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар