Владата денеска донесе одлука да се изврши продажба на патничкото моторно возило Мерцедес Бенц С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии. Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208,00 денари (230.000 евра). Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk.

Владата ја донела оваа одлука на денешната 54 . седница.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 19:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:33

коментари

остави коментар