Денеска, во канцеларијата на ОН во Виена, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, имаше заедничка средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопштуваат од МНР. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 17:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар