Од почетокот на годинава, за неполни два месеци СДСМ се задолжи 636 милиони евра.
Со ова вкупното задолжување откако СДСМ е дојдена на власт до денес се искачува на близу 1.4 милијарди евра.
Владата се задолжува неконтролирано и без основа. Граѓаните не знаат на што се трошат милијардите кои утре со камати треба да ги враќаат. Нема ниту еден нов инфраструктурен проект, болница, училиште, градинка, не е набавена нова медицинска опрема, не е изграден ни еден километар канализациони мрежа, не се покачени пензиите, ниту социјалната помош, а сепак се задолжуваме. Каде завршуваат  стотиците милиони евра?
Ова енормно задолжување е пропратено со огромна нетранспарентност. СДСМ не смее да се однесува со парите на граѓаните како кон своја сопственост. Граѓаните мора да бидат информирани за што и како се трошат нивните пари.
Неодговорниот однос на СДСМ кон парите на граѓаните е не дозволив.
Недозволиво е државата да се задолжува секоја недела, а од тоа да нема реален бенефит за граѓаните. Не само што не се отпочанати нови проекти, туку и проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ подолг период беа во застој. Поминаа месеци за власта да продолжи со изградбата на автопатиштата Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, кои се во напредна фаза на реализација. Додека скоро година дена со банални изговори се влече пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица.
Ова е недозволиво. Недозволиво е државата да се задолжува за стотици милиони, а притоа да нема ниту еден капитален проект. Недозволиво е да се задолжуваме за огромни суми на пари, а да нема покачување ниту на платите, ниту на пензиите, ниту на социјалната помош.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта веднаш да запре со ова расипничко трошење на народните пари. Транспарентно да каже на што и како ги потроши стотиците милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ апелира секое наредно задолжување да биде неопходно и реално поткрепено со план за реализација на капитални инвестиции. Буџетот не е приватна своина на СДСМ. Буџетот го полнат граѓаните и тие мора да знаат на што, како и колку пари се потрошени, реагираат од ВМРО - ДПМНЕ. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 17:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар