Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“. Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила.

Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила.

Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили а кон споманите  патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен.

Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема., предупредуваат од МВР. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 16:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар